40 милиони евра донација од Владата за регионална депонија во Пелагонија

0
2135

„Со цел заштита на животната средина и здравјето на луѓето, во Општина Битола започнува проект за основање на регионална депонија во висина од 40 000 000 € донација од Владата на Р. Македонија која засекогаш ќе го реши проблемот со комуналниот отпад и ќе помогни во борбата за подобра и почиста животна средина“ ова денеска го објави координаторот на СДСМ во Советот на општина Битола Методија Илиевски.

Дополнително ќе се одлучува каде ќе биде сместена оваа депонија, која ќе ги опслужува општините од регинот на Пелагонија.