Државниот завод за статистика денеска ја објави информациајта за индексот на просечната исплатена нето плата по вработен за ноември минатата година. Изнесува 109.5 што подразбира дека просечната плата во Македонија изнесува 41.999 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, изнесува 109.5. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработенво секторите: Уметност, забава и рекреација (15.3 %), Транспорт и складирање (12.7 %) и Преработувачка индустрија(11.2 %). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележаново секторите: Рударство и вадење на камен (8.0 %), Дејности во врска со недвижен имот (5.9 %) и Земјоделство,шумарство и рибарство (2.6 %).
Податокот за индексот на просечна исплатена нето-плата за месец подразбира дека во Македонија Ноемвриската просечната плата по вработен изнесувала 41 999 денари.
Ова покажува дека споредено со месец претходно, односно октомври 2024 година имаме намалување на просечната нето плата. Имено, во октомври просечната плата по вработен достигнала 42.134 денари. Сепак, ако се прави споредба на годишно ниво, тогаш имаме раст на просечната плата.
Експертите не очекуваат поправање на состојбите и покрај фактот што сегментот на традиционално највисоките плати во јавната администрација – платите на функционерите се замрзнати. Имено, со одлука на владата на Македонија од декември лани платите на функционерите, судиите. членовите на Судскиот совет и јавните обвинители ќе се замрзнат и тоа преку намалување на коефициентите за пресметка на платите. Коефициентите за функционерите што ги назначува Владата од тогаш до сега, се движат од 1,91 до 3,48.
Во 2025 година владата и синдикатите треба да постигнат усогласување платите на работниците да стигнат до 450 евра, а има и препорака за исплата на т.н 13-та плата. Промените во исплатените плати во државата треба да се и во согласност со промените на цените на мало , цени кои на глобално ниво се во постојан раст.











