42 пристигнати филмови за 29-тото издание на ФАДФ.Камера 300

Во Битола започна жирирањето на Интернационалниот фестивал на аматерски докумeнтaрен филм „Камера 300“, што годинава ќе се одржи  по 29 ти пат.

Годинава на ФАДФ „Камера 300“  се пријавени 42 аматерски документарни филмови, истакна Стефан Хаџи Андоновски, претседател на Советот на фестивалот и на кино клубот „Студио Милтон Манаки“-Битола, организатор и домаќин на овој традиционален културен настан.

Овој фестивал, е член во светската организација на непрофесионален филм УНИКА. 

Стручното жири ќе ги оценува филмовите пристигнати од 12 земји. Голем број на филмови испратија аматерите од Русија како и од европските земји, традиционални учесници на овој фестивал кој годинава одбележува и 10 годишен патронат на светската асоцијација на непрофесионалниот филм Уника.

Од следната година постигната е и соработка со Факултетот за аудио визуелни уметности, да се додели бесплатно запишување на авторите на наградените филмови.

Стефан Хаџи Андоновски оваа година на 50 тото издание на Државниот фестивал на непрофесионален филм на Македонија кој се одржа во Струмица, доби плакета за придонес и поддршка на фестивалот и како еден од првите учесници.

Покрај него како најдобри од Битола беа наградени и Диме Талевски, награда за монтажа, Дамјан Козарев, за сценарио и Томе Стојчевски за краток филм, сите членови на кино клубот Студио Милтон Манаки.

Највисокото признание на фестивалот на аматерски докумeнтaрен филм „Камера 300“ е наградата- гран при плакета „Милтон Манаки“, како и наградите за филм златна , сребрена и бронзена„ Камера 300“. Плакета за најдобра камера , идеја и монтажа, плакета за најдобра режија „Драги Савевски“ , награда за најдобра репортажа и награда, плакета на УНИКА. Фестивалот оваа година ќе се одржи 29 ти и 30 ти октомври и ќе биде пренесуван на Тера телевизија.

Сподели