Во текот на вчерашниот ден (30.08.2022) на територијата на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 42 возачи. Од нив 31 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 11 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Од СВР Битола наведуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во информацијата од СВР Битола.












