44 лица помалку заболени минатата недела во споредба со претходната во Битола

За една недела односно од 15 до 21 ноември во Битола регистрирани се 273 случаи на Ковид 19,  што е за 44 лица помалку заболени од периодот меѓу 8 до 14 ти ноември. Најмногу новозаболени се регистрирани во четвртокот на 18 ти ноември кога се регистрирани 53 нови случаи. Измзинатата недела во Битола починале 3 лица, а неделата претходно 4 лица. Бројот на активи случаи на 14 ти ноември бил 656, за само една недела, односно на 21 ноември  тој број се искачи на 693 лица.

На ниво на држава Институтот за јавно здравје бележи намалување од 8,9 отсто на бројот на новозаразени од ковид 19 во минатата недела споредбено со претходната.

Од 15 до 21 ноември од ковид-19 заболеле 2.929 лица или 288 помалку од периодот меѓу 8 и 14 ноември.

Минатата недела се тестирани 19.791 лица, за 7,3 отсто помалку од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 11,6 до 16,9 отсто, а просечно 14,8.

Најмногу новозаразени има во Скопје. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (23,3 отсто). Најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0-9 години (3,6 отсто).

Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, освен кај возрасната група од 0-9 години (+2,0 отсто). Најзабележително намалување е кај возрасната група на лица над 60 години (-13,7 отсто)

Според полот, 54,3 отсто од заболените се жени, а 45,7 отсто се мажи.

Со статус „оздравени“ се стекнале 2.855 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување. Во текот на мината недела вкупно се пријавени 49 реинфекции, со зголемување од 36,1% во однос на претходната недела.

Кај сите секвенционирани примероци е докажана Делта варијантата, како и присуство на различни нејзини сублинии. Сублинијата позната како Делта плус не е детектирана кај ниту еден од секвенционираните примероци.

Пријавени се 91 смртен случај, најмногу од возрасната група над 60 години (89 отсто).

Активни на ковид-19 се 8.290 лица, хоспитализирани се 495, од кои 330 добиваат кислородна поддршка и 14 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Заклучно со 21 ноември, вкупно се пријавени 870 реинфекции што е 0,4 отсто од вкупниот број на досега заразени кој изнесува 212.375 лица.

 

 

 

Сподели