46 сантиметри снег во Крушево

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Висината на снежната покривка утрово до 8 часот е 1 см во Берово, 2 Кр. Паланка, 4 Дебар, 7 Претор, 15 Охрид, 16 Ѓуриште, 17 Тетово, 46 Крушево, 48 Пожаране, 51 Лазарополе, 71 Маврово.

Најструдено утрово со -5 степени во Струмица, -2 Маврово, Лазарополе, Крушево, Ѓуриште, 0 Тополчани, Претор, Тетово, Охрид, Дебар, Кр. Паланка, 1 Прилеп, Скопје, 2 Штип, Битола, Берово, Скопје Петровец, 3 Д. Капија, 4 Виница, 6 Гевгелија, Дојран.

Изутринава во Македонија преовладува променливо облачно време на планините и на некои повисоки места има слаби врнежи од локален снег. Дува умерен а наместа и засилен ветер претежно од северозападен правец, во струмичкото подрачје брзината на ветерот достигнува до околу 60 км/час.

До крајот на денот ќе имаме променливо облачно, во текот ќе има слаби пвоврмувања од дожд и снег. Попладне облачноста ќе се намалува а ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен до силен ветер ветер од северозападен правец, долж Повардарието и во западните делови на земјава повремено ќе се засилува.
Максималната температура ќе достигне во интервал од 2 до 10 степени.

В среда и в четвток во западните и јужните делови ќе има врнежи претежно од снег кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Потоа времето ќе стабилно со ниски утрински температури. Нови врнежи се очекуваат во почетокот на наредната работна недела.

Share.