ТЕРА

REKLAMA???

47 САНКЦИИ ЗА ПЕШАЦИ

Денеска во периодот од 08.00 до 12.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот.

При контролата, санкционирани се 47 пешаци. За време на контролата регистрирани се и 11 останати прекршоци.

Од СВР Битола велат дека сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

„Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“ велат од СВР Битола.