49 загинати во напад на две џамии во Нов Зеланд

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Четириесет и девет луѓе се убиени а повеќе од 48 се тешко ранети во напади врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч во петокот.

Според властите станува збор за терористички напади, пренесуваат агенциите.

Масакрот кој е извршен во текот на молитвите во петокот е најмасовниот смртоносен напад на Нов Зеланд.

Комесарот Мајк Буш рече дека 41 лице е убиено во џамијата Масџид ал-Нур, додека осум се убиени во џамијата во квартот Линвуд.

Австралиецот Брентон Тарант (28) отворил оган од автоматско оружје, а сето тоа директно го пренесувал на „Фејсбук“.

Претходно на „Твитер“ напаѓачот објавил манифест од 74 страни зошто го прави тоа. Себе си се опишува како обичен белец, роден во Австралија, припадник на работничката класа од скромно семејство. Вели дека прво „фрлил мерак“ на џамија во градот Дунедин, но, сепак, се одлучил за Крајстчрч, бидејќи таму имало повеќе „окупатори“.

 

Share.