5 годишната Коприна Деловска со награда на првиот државен натпревар во спортско качување за млади

Во Плачковица се одржа првиот натпревар во спортско качување за млади во дисциплината „водство“ на новата вештачка капра кај планинарскиот дом Вртешка. Натпреварот беше од државен карактер – редовен натпревар од националната лига при Македонската Спортско Качувачка Федерација (МСКФ), во организација на Спортско качувачки клуб „Астибо“ Штип.

На натпреварот учествуваа 45 натпреварувачи, 5 младински категории од 5 клубови од Македонија.

Меѓу нив беа и најмладите членови на СКК „Вертикал“ Битола, Доријан Кузмановски и Коприна Деловска. Таа  има само 5 години и го освои третото место во категорија повисока од нејзината возраст – категорија „Ф“ 2014/2015 год. 

На првите места се: Сара Трајкоска,СКК Златоврв – Прилеп, Христијан Димески, СКК Златоврв – Прилеп, Цвете Јандреовски,СКК Златоврв – Прилеп, Игнат Санев,КК Астибо – Штип, Натали Трангалова,КК Астибо – Штип, Павел Николовски СКК Екстрем – Скопје, Калина Ивановска, СКК Екстрем – Скопје, Васил Караѓозов,КК Астибо – Штип, Дарија Ристеска,СКК Екстрем – Скопје, Леон Ангелов,КК Астибо – Штип.

Организаторите се потрудија да организираат одличен натпревар што во иднина ќе ги мотивира педесетината млади пријавени натпреварувачи, да качуваат посветено и да целат кон големи меѓународни натпревари.

„Организирањето на ваков натпревар за нашиот клуб беше голем предизвик и желба која ја посакувавме речиси 15 години, а од вчера веќе знаеме кои се недостатоците за кои треба да се погрижиме во иднина, а се уверивме и какво прекрасно место може да биде Плачковица за ваков настан. Благодарност до сите посетители, до сите волонтери, судии и инстурктори, а најмногу до сите млади качувачи кои го дадоа својот максимум. Се гледаме на пролет повторно на Плачковица„!истакнаа организаторите.

Неда Маретиќ

Сподели