5 нови случаи во Битола, 1 починат и 6 оздравени пациенти

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
Денес во Битола се регистрирани 5 позитивни лица, 2 на возраст од 61-70 години, 2 на возраст
од 51-60 години и еден во возрасна група од 41 – 50 години. Од новорегистрираните лица, 2
даваат податок за контакт со друго позитивно лице и се поврзани со фамилијарна трансмисија.
Вкупниот број на активни случаи во Битола изнесува 67. Денес се регистрирани 6 оздравени
лица и еден смртен исход на позитивно лице на 27 години кое починало на Клиника за
инфективни болести во Скопје, информира Центарот за јавно здравје од Битола.
Во Демир Хисар денес се регистрирани 2 позитивни лица на возраст од 44 и 83 години. Вкупниот
број на активни случаи во Демир Хисар изнесува 29. Денес се регистрирани и две оздравени
лице.
Во Ресен денес нема регистрирано нови заболени, а регистрирани се 3 оздравени лица.
Вкупниот број на активни случаи во Ресен изнесува 28.
Во Кичево денес има регистрирано 3 позитивни лица а регистрирани се 7 оздравени лица.
Вкупниот број на активни случаи во Кичево изнесува 88.
Share.