37 точки за наредната седница на Советот на Општина Битола. 28-мата седница закажана е за вторник 27 јуни.
На неа и Програма за измени и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Битола за 2023 година, како и Програма за измени и дополнување на Програмата за социјална заштита за 2023 година.
Пред советниците ќе се најде и стратегијата за социјални претпријатија 2023-2026, потоа завршните сметки и плановите за вработувања во две основни училишта.
Пред советниците и решението за давање согласност на Одлуката за утврдување на цена на услугата возење со електричното Вовче Мечо во Градскиот парк во општина Битола на ЈППЈЛП Битола.
Управниот одбор на јавното претпријатие „Паркинзи“ на седницата одржана на 9 јуни донесе одлука за утврдување на цената на услугата за возење во возот мечо низ градкиот парк. 50 денари со вклучен ДДВ. Претходно Надзорниот одбор му препорача на УО да ја донесе одлуката, а за која ќе треба да гласаат советниците.
Советниците ќе треба да расправаат и за Решението за давање согласност на Одлуката за давање донација – изведување на подготвителни работи за адаптација на спортската сала „Боро Чурлевски“Битола на ЈКП Водовод, Битола, решение за давање согласност на Одлуката за давање донација – изведување на подготвителни работи за адаптација на спортската сала „Боро Чурлевски“Битола на ЈП Комуналец, Битола, решение за давање согласност на Одлуката за давање донација – изведување подготвителни работи за адаптација на спортската сала „Боро Чурлевски“Битола на КЈП Нискоградба, Битола.
Исто така пред советниците ќе се најде и Решението за давање согласност на Одлуката за зголемување на платата на вработените во ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг, Битола, Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Ценовникот за услугите на ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг, Битола.
Пред советниците и две иницијативи, едната за дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Битола поднесена од советничката група ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ и иницијативата за донесување Правилник за финансиска поддршка на спортисти, спортски клубови, спортски здруженија и други правни лица од областа на спортот поднесена од советничката група ЛЕВИЦА.












