50.000 денари за битолчанка од инстант лозот „Мини и Макси“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Државната лотарија на Македонија соопшти дека битолчанка е добитничка на 50 000 денари од инстант лоз Мини и Макси.

Среќната добитничка за себе вели дека цел живот е верна на игрите на среќа на Државна лотарија и иако имала помали добивки, 50 000 денари засега и е најголема добивка.

Битолчанката купила само еден лоз Мини и Макси од продажното место „ДООЕЛ 15ка“ и среќата и се насмевнала.

Се надева дека следната добивка ќе биде еден од прекрасните автомобили што ги нуди овој инстант лоз затоа што ќе продолжи да ја предизвикува среќата со игрите на среќа на Државна лотарија.

Овој инстант лоз на Државна лотарија на Македонија наречен МИНИ и МАКСИ ја донесе првата премија во Битола. Првиот MINI ONE веќе се вози по улиците на Битола откако лозот е купен од тобако на Широк Сокак во Битола.

Инаку, МИНИ и МАКСИ нуди 10 автомобили BMW X1 и 5 автомобили MINI ONE, а со овој лоз Државна лотарија ја продолжува низата каде главна премија се автомобили. Овој пат во игра се два типа автомобили BMW X1 и MINI ONE.

Играта е едноставна а исто времено и динамична. Во 9те полиња за гребење треба да се откријат три исти симболи на BMW X1 или три исти симболи на MINI ONE, за добивка автомобил. Или пак три исти износи за парична добивка.
Покрај автомобилите, лозот нуди 20 добивки по 50.000 денари и други парични добивки.
За МИНИ инвестиција од 80 денари овој лоз може да ве донесе до МАКСИ добивка автомобили BMW X1 или MINI ONE.

Share.