52 документарни филмови во трка за наградата „Камера 300“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска во Битола почна жирирањето на Интернационалниот фестивал на аматерски докумeнтaрен филм „Камера 300“, што годинава ќе се одржи по 26-пат на 2 и 3 ноември во пресрет на Денот на ослободувањето на градот Битола. Вкупно се пријавени 52 аматерски документарни филмови од 8 земји од Европа и светот.
-52 притсигнати филмови се од осум земји низ светот. Квалитетот далеку отсксокнува за разлика од минатите години. Можеме да кажеме дека се на нивото на професионалци. Ме радува што и младите аматери од Македонија напредуваат во однос на квалитетот за што зборува и масовното учество на филмски аматери од Македонија. Би издвоил дека Киноклубот од Прилеп неоуморно работи и испрати огромен број на филмови, рече Стевче Хаџиантоновски, претседател на фестивалот.

Стручното интернационално жири го сочинуваат мајсторот на аматерскиот филм Љупчо Петровски, доц.д-р Антон Антонов од Бугарија, проф.д-р Мишо Нетков од Македонија, Владимир Ангелковиќ од Белград и битолчанецот м-р Димитар Спасески Жирито денес ќе има задача да ги прегледа филмовите и да донесе соодветна одлука.

Денес имаме една ретка можност да славиме еден редок јубилеј од појавата на Манакиевото име во сверата на културата, односно славиме 120 години кога манакиеви се појавуваат со својата фотографска дејност, рече  Хаџиандоновски.

Фестивалот се реализира со финансиска поддршка на општина Битола и  Агенцијата за филм на Р.Македонија. Поддржан е од  УНЕСКО преку Светската асоцијација Уника.

Share.