54 години од смртта на Милтон Манаки

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На Влашките гробишта во Битола денеска се одбележаа 54 годишни од смртта на првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки. Чествувањето го организира здружението на Власите од Битола „Комуна“ во соработка со општина Битола. Цвеќе положија повеќе делагации кои го негуваат и се грижат за големото творрештво на Браќата Манаки.

-Комуната на Власите – Армните од Битола, Браќа Манаки, што го носи името на Браќата, достојно го одбележува овој јубилеј, со една пригодна програма, така што во текот на вчерашниот ден беше одржана заупокоена литургија во Храмот Свети Константин и Елена, а денес на денот на упокојувањето, дојдовме во овој комплекс, каде што е вечното почивалиште на Милтон Манаки, додека вечното почивалиште на Јанаки е во Солун, да ја оддадеме достојната почит, за нивното големо дело, кое што тие нас ни го оставија. Годинава, ние исто така ќе одбележуваме еден јубилеј, односно 120 години откога е формирано фотографското ателје на Браќата Манаки”, изјави Стевче Хаџи Антоновски, Комуна на Власите – Армните „Браќа Манаки” – Битола.

Годинава се одбележуваат и 120 години од формирањето на фотогравското ателје на Браќата Манаки.

-Во одбележување на 54 годишнината од смртта на Милтон Манаки, денеска се наоѓаме овде да одадеме почит, воопшто кон Браќата Манаки, кои што исклучително значат за нашиот град со делото кое што го имаат направено. Денешниот ден е само поттик и за идните генерации, дека животот треба да го живееме со волја и намера, навистина зад себе да оставиме вредности”, изјави градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска на денешното чествување.

Творештвото на Браќа Манаки е заштитено и се чува, рече Владимир Ангелов , в.д директор на Кинотека Македонија.

-Досега на неколку пати се реставрирани филмовите на Браќа Манаки.Прв пат се реставрирани аналогно, а од пред 5 години се реставрирани дигитално. Од дигиталната реставрација имаме објавено и ди-ви-ди диск со сите нивни снимки кои што ги имаат направено. Ние ги чуваме, се грижиме за наследството и сеуште откриваме нови детали од нивното творештво, изјави Владимир Ангелов , в.д директор на Кинотека Македонија.

На 5 март 1964 година во Битола починал Милтон Манаки, прв македонски и балкански филмски снимател.Првите снимки ги направи во 1905 година. Главни негови постигнувања се: репортажа за престојот на последниот османлиски султан Решад во Битола во 1911 година, сцени од бесењето на македонските борци за независност на Македонија и епизоди од балканските војни, како и многу други снимки од историска важност.Носител бил на „Илинденска споменица 1903“, на многубројни награди, како и на наградата за животно дело во Пула во 1963 година.Роден бил во селото Авдела, Костурско, во 1880 година.

Share.