54 годишен битолчанец се обеси во затворот во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Утрово околу 6 часот во затворот во Битола, од страна на вработен во затворот, во Одделението за притвор пронајден е обесен И.Д.(54). Смртта е констатирана од страна на лекар од Брза помош. Од страна на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР.

Од полиција велат дека се работи за истото лице против кое лани била поднесена кривична пријава за убиство на сопругата. Од таму велат дека лицето било повеќе месеци во притворското одделение, само во ќелија, а утрово обесен го нашле надзорниците кога делеле храна.

Неофицијално се дознава дека затвореникот се обесил на импровизирана врвка која ја составил врзувајќи ќебиња и чорапи. Тој бил првостепено осуден на 40 години затвор, пресуда која ја имаше обжалено до Апелациониот суд.

Share.