ТЕРА

REKLAMA???

6 ЗАГИНАТИ И НАД 80 ПОВРЕДЕНИ СО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ИСТАНБУЛ

Шест лица загинаа, а 81 се повредени во експлозија која се случи вчера попладне во пешачка зона во центарот на Истанбул.

Потпретседателот на Турција Фуат Октај и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу го посетија местото на експлозијата.

Октај рече дека бројот на повредени пораснал на 81 и наведе дека ситуацијата со експлозијата „многу брзо ќе биде решена“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телевизиско обраќање ја оцени експлозијата како „подмолен напад“ за кој одговорните ќе бидат казнети.

„Би било погрешно да се каже дека ова е несомнено терористички напад, но почетниот развој на настаните и разузнавачките сознанија се дека ‘смрди’ на тероризам“, рече Ердоган.

Турската полиција уапси лице осомничено дека ја поставило бомбата. Турските телевизии прикажаа снимка од жена како остава пакет на една клупа непосредно пред експлозијата.

Осомничено е лице поврзано со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), јави ТРТ.