64 лица вакцинирани во дел од селата на Мариово

Денеска теренската вакцинација продолжи во дел од селата во Мариово. Во распореднот за денешниот ден беа с. Ореово и с. Паралово, с. Маково,  с. Орле, с. Рапеш, с. Брник, с. Зович, с. Старавина, с. Будимирци и с. Градешница.

Вкупниот број на вакцинирани лица е 64, од нив во Ореово 12, во Маково 13, во Рапеш 12, во Зовиќ 3, во Старавина 7 и во Градешница 17.

Утре ќе се вакцинира во Ѓавато и Маловиште.

Сподели