Во текот на вчерашниот ден (08.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 64 возачи.
Од нив 42 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 22 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Од СВР Битола велат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.












