Австралија планира да ги негира пасошите на осудените педофили

0
508

На осудените педофили ќе им се негираат пасошите во Австралија според предлог-планот на владата. Со предлогот кој ќе биде и предмет на гласање ќе им се забрани на виновниците да патуваат преку море.

Околу 20.000 осудени ќе бидат под надзор на властите, а ќе можат да аплицираат за пасош ако не се веќе во регистарот. Минатата година околу 800 обвинети патувале надвор од земјата.

Ниту една земја до сега не презела вакви строги мерки. Од владата велат дека околу 3200 обвинети никогаш нема да се здобијат со право да имаат пасош и ќе бидат надгледувани цел живот.

Предлогот е донесен со независниот сенатор Дерин Хинч кој подолго се бори за ваков потег. Тој изјавил дека предлогот ќе ги заштити децата.