Може да надмине и 10.000 долари

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Биткоинот ја има својата највисока вредност до 3.000 долари.

Само во последните два и пол месеци, вредноста на биткоин скокна од 1000 на 3000 долари.

Масовното купување на криптовалутата започна по WannaCry ransomware нападот од почетокот на оваа година.  Дигиталната валута поскапе за над 200% од почетокот на годинава. Најмногу оваа валута ја купуваат азиските инвеститори.

Аналитичарите сметаат дека ако овој тренд продолжи и понатаму, се проценува дека до крајот на годинава би можел да надмине вредност од 10.000 долари.

Во 16:10 часот во понеделникот валутата поевтинува за 6,20% до 2.831,31 долари.

На кинеските берзи, како BTCC, цената беше околу 40-60 долари повисока. Минатата недела редица големи берзи за криптовалути во Кина дозволија на своите клиенти да продолжат со повлекување на биткоин. Тие беа запрени во почетокот на февруари, поради мерки за контрола од  Народна банка.

Претседателот на Федералните резерви на САД за Минеаполис, Нил Кашкари изјави дека блокчеин технологијата, на која се базира биткоинот, има повеќе потенцијал од самиот биткоин.

Во оптек моментaлно има 16,386,575 биткоини.

Share.