Нов закон за високо образование

0
731

Автономијата на универзитетите и нивното финансирање, статусот на професорите и учеството на студентите во донесувањето одлуки на универзитетите се некои од прашањата кои ќе бидат регулирани со новиот Закон за високо образование, најави министерката за образование, Рената Дескоска.

Веќе е формирана работната група која  го одржа првиот состанок. Министерката дека нема да се брза со носење на законот, туку предност ќе се даде на квалитетна дебата со која ќе се дојде до најсоодветните решенија.Таа се надева оти новиот закон ќе се донесе до крајот на годината.

Според Дескоска, законот ќе го реши и процесот за нострификација и акредитација. Износот на студентската партиципација ќе продолжи да зависи од одлуката на самите универзитети. Од друга страна студентскиот и професорскиот пленум имаат конкретни барања за содржината на новиот закон.

Подготвувањето на новиот закон за високо образование почна пред две години. Тој не доби поддршка од дел од студентите и професорите кои засатанаа зад двата пленума кои не се согласуваа со претходната влада, а организираа и протести.