Со изложба на документи и фотографии на тема „Македонија памети, никогаш да не се повтори“ посветена на македонските Евреи, денес во Офицерскиот дом, одделението на Државниот архив во Битола одбележа 69 години од основањето.

„Нашиот архив е значајна институција, трезор на оригинални документи, писма, фотографии и друг вид материјали од најзначајните политичко-историски процеси, настани и личности за нашата држава“ велат од архивот.

Изложбата е работена во соработка со Институтот за национална историја.

Фото: Сашо Ставрев












