7 до 10 хектари земјоделски површини под вода во општините Битола, Могила и Новаци

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од центарот за управување со кризи утрово соопштија дека во општините Битола, Могила и Новаци, има заезерено 7 – 10 хектари земјоделски површини, кои се појавени како резултат на нефункционалноста на терцијалната мрежа за одводнување, бидејќи класично излевање на водотеци нема.

Во општина Крушево, по текот на река Црна од с.Света кон с.Бучин има излевање и поплавување на ливади во должина од околу 3 км и ширина од околу 50 метри низводно.

Во општина Демир Хисар има излевања и поплавени се земјоделски површини на потегот од с.Доленци до с.Света.

фото: архива

 

 

Share.