7 примени и 5 испишани пациенти, утрово бројката на хоспитализирани 79 пациенти

Во последните 24 часа во Ковид центарот во Битола нема починат пациент. Имаше 5 испишани пациенти и 7 ново примени. Со ова до утрово во Ковид центарот во Битола се лекуваат вкупно 79 пациенти.
Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 622 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 73 болни, а во Куманово 77 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 51, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 63 пациенти, во Кочани 27 во Кичево 21, Кавадарци 32, а во Гевгелија 7 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1068 и има околу 745 празни болнички кревети во ковид центрите.
Сподели