7.000 пара обувки на убиените деца пред Капитол

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Околу 7.000 пара обувки се поставени пред Капитол во Вашингтон, во знак на протест поради големиот број убиени деца во вооружените напади во Америка.

Обувките кои беа поставени во вторникот ги претставуваат 7.000 деца кои своите животи ги загубиле во вооружени напади, сметајќи од нападите во училиштето „Сенди Хук“ во 2012 година.

Инаку, чевлите се „донирани“ од членови на семејствата на жртвите, како и од демонстранти и познати личности како Алиса Милано и Сузан Сарандон, а за поставувањето била задолжена организацијата Аваз.

„Огненото оружје убива преку 1.300 американски деца секоја година. Вооружениот напад во Паркленд е 17-ти напад во училиште од почетокот на оваа година“, рече организацијата.

mkd.mk

Share.