70 години театар Војдан Чернодрински

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со премиерната изведба на претставата „ Лажговци“ во режија на Коле Ангеловски, од понеделник 17 февруари започнува одбележувањето на 70 години од формирањето на театарот „Војдан Чернодрински“. По тој повод, ќе се одржи манифестацијата „Недела на театарот“, со која освен премиерата на „Лажговци“ и проектот „Move the beat with Actors and The Hounds“, ќе бидат прикажани уште 5 други претстави од тековниот репертоар.

„Во понеделник, првиот ден од одбележувањето на 70 годишнината, ќе ја отвориме
манифестацијата ‘Недела на театарот’ со премиера на ‘Лажговци’, по текст на Антониј
Нелсон а во режија на нашиот долгогодишен соработник и пријател, човекот кој што
направил многу претставиво нашиот театар, Коле Ангеловски. Во рамките на
одбележувањето на 70 годишнината од постоењето и кревањето на првата завеса на театарот на 18 февруари 1950 година, дозволете да истакнам еден мал историјат на она што се случувало пред 70 години. Имено, градскиот Народен одбор, есента 1948 година донесува одлука со која се формира градскиот Народен театар – Прилеп. За неколку месеци, со десетина ентузијасти од Прилеп, кои што главно работат во театарската група на КУД ‘Мирче Ацев’ и други ентузијасти кои уште пред војната работат во културно просветните друштва, како што е ‘Коста Абрашевиќ’, ‘Трезвената Ложа’, каде што има театарски секции, и со тие ентузијасти се формира прилепскиот театар. Првата завеса е подигната на 18 февруари со претставата ‘Кир Јања’ од Јован Стерија Поповиќ, а во режија на Аце Михајловски. Покрај премиерата, оваа недела која што ја нарековме ‘Недела на театар’, од 17 до 23 февруари секојдневно ќе имаме настани“, истакна Рубин Белчески, директор на НУЦК „Марко Цепенков“.

Режисерот Ангеловски, на кого ова му е 36 претстава, истакна дека „Лажговци“ е комедија во која дејствието се случува на ден пред Нова година, каде двајца полицајци пред пензија треба да појдат кај некои стари луѓе да соопштат една многу лоша вест. Прашањето е, кој од нив двајца да ѕвони на врата, да тропне на врата и да им ја соопшти веста. Хуморот и ситуациите се темелат врз едно недоразбирање, една трагична ситуација во која се преплетуваат лаги, измислици, недоразбирања.

„Оваа претстава е сосема поинаква од сите други претстави што сум ги правел до сега.
Тоа биле комедии на ситуации на брканици на маши и жени. Ова е една сосема друга,
друг тип на комедија, ова е една црна комедија. Исто така се договаравме да
направиме една претстава каде што постариве глумци ќе ја водат претставата. Мислам
дека публиката ќе ужива и ќе гледа. Ете веќе резултатите на Facebook се продаде и
генералната проба“, рече режисерот на „Лажговци“, Коле Ангеловски.

Во изминатите 70 години, театарот „Војдан Чернодрински“ кој сега е дел од НУЦК „Марко Цепенков“, прикажал околу 350 премиери и 7.000 претстави, кои ги гледале над 1,5 милиони луѓе.

 

Share.