70 лица приведени на протестите во Франција

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во организација на движењето на „жолтите елеци“, ширум Франција денеска со одржуваат нови протести од кои беше упатено „потсетување“ до Владата дека обновата на Богородичната црква не е единствениот проблем што треба да се реши во земјата.

Според француските медиуми, во текот на денешните, 23-ти по ред саботни протести на „жолтите елеци“, полицијата привела околу 70 лица.

Протест се одржа пред зградата на француското Министерство за финансии, од кој беше побарано намалување на даноците за работниците и пензионерите и зголемување на даноците за богатите.

Друга група „жолти елеци“ се собраа близу Богородичната црква, која беше сериозно оштетена во голем пожар меѓу понеделникот и вторникот, а трета група од околу 200 лица се обиделе насилно да влезат во Елисејската палата, при што биле спречени од полицијата.

Еден од лидерите на „жолтите елеци“, Пјер Дерие вчера на Фејсбук објави дека движењето „изразува негодување затоа што за четири дена е собрана милијарда за камења, а за сиромаштијата ништо“.

Француската полиција за време на денешните протести на „жолтите елеци“ користеше сина течност од водените топови, најверојатно за да ги обележи демонстрантите, јави дописникот на МИА.

Оваа течност најверојатно има улога на „маркер”, нешто што веќе го најави францускиот премиер Едуард Филип кон средината на март.

Филип тогаш соопшти дека полицијата ќе го користи средства за „обележување” на учесниците на демонстрациите, по насилството и грабежите на 18-тите саботни протести на „жолтите елеци”.

Share.