70 годишен битолчанец почина на инфективното одделение

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вчера попладне на инфективното одделение во Клиничката болница во Битола почина 70 годишен битолчанец кој беше позитивен на Ковид 19 и кој беше хоспитализиран во ковид болницата во Битола.

Како што за Тера Телевизија изјави директорката на Клиничката болница Д-р Билјана Гагачовска пациенот бил со хронични болести и се наоѓал во тешка состојба. Во текот на вчерашниот ден му се влошила здравствената состојба и покрај неколкуте обиди за реанимација, тој починал.

Со ова бројот на смрттни случаи од почетокот на кризата во Битола е 5 починати пациенти.

Share.