Хрватска за проширувањето на ЕУ кон Балканот

0
202

Андреј Пленковиќ денеска во Стразбур треба да се обрати пред Европскиот парламент каде ќе ја претстави хрватската визија за проширувањето на Европската унија кон Балканот.

Пленковиќ ќе говори паралелно со претставувањето на стратегискиот документ за проширувањето кон Балканот на Европската комисија.

Тој ќе се осврне на потребата да се надминат прашањата заостанати од балканските војни и на потребата да се обрне внимание на интеграциите на Босна и Херцеговина.

Хрватска подолго време бара поголеми права за хрватската заедница во Босна, а од Србија бара чекори кои ќе водат кон повоено помирување.