Влажното дрво повеќе загадува

0
713

Во истражувањето што во изминатите три месеци го спроведе географското друштво Геосфера се и Последици од аерозагадувањето од согорување на дрво во нивниот извештај стои дека :
Согорувањето на дрво, особено на дрво со голем процент на влажност, ослободува огромни емисии на ПМ честички, особено на ПМ-2,5 честички. Овие честички, поради малиот пречник, можат преку алвеолите во белите дробови да навлезат во крвотокот на организмот и да се таложат во крвните садови, предизвикувајќи тромбови, срцеви и мозочни удари.

– Во текот на изминатите три месеци Геосфера направи шест успешни мерења на моменталните концентарии на ПМ честичките во воздухот на над 13 локации во градот но и на просторот помеѓу Брусничка населба и с. Новаци. Целта беше да се изврши мерење и да се направи анализа за да се види какво е загадувањето во градот и какво е надвор од градот и да видиме всушност најголем процент на загадување емитираат домаќинстава поради тоа што консумираат огревно дрво кое што има висок процент на влага кој што создава големи количини на ПМ честички и според нашите калкулации тие се заслужни за негде 70 % од емисиите на ПМ честички, изјави Мите Ристов претседател на Геосфера

Всушност од направените анализи се констатира дека всушност главните причини за смртност на населението во Битола се оние кои предизвикуваат кардиоваскуларни заболувања, а во голем процент се последица на аерозагадувањето.

Како многу штетно за човековото здравје е ослободувањето и на одредени хемиски супстанции.

Диоксините се многу стабилни супстанци кои тешко се разградуваат и опстојуваат во животната средина и живите организми во кои се акумулираат.
согорувањето на дрвото, пред сè од домаќинствата, има најголемо учество во вкупните емисии на диоксините и фураните со дури 75%.

– Геосфера изработи 30 предлог мерки за намалување на аерозагадувањето во Битола, беа презентирани осум групи и беа доставени до Општина Битола и од нив е направена интерактивна карта на google map, кое што ќе ги визуелизира предлог мерките и да можат граѓаните подобро да се запознаат со овие предлог мерки. Констатираме дека само со примена на една од овие мерки,односно достава на сертифицирано огревно дрво со низок процент на влага до некаде летните месеци, максимално до август ќе се намали аерозагадувањето во градот за најмалку 50 %.
Влажното дрво емитира околу седум -осум пати повеќе од сертифицирано невлажно дрво , изјави Мите Ристов претседател на Геосфера

Овие загадувачки супстанци имаат полуживот во времетраење од 7 години во човечкиот организам. Нивната токсичност резултира со зголемен број на канцерогени случаи, што е честа појава во Битола.

Со 71% во емисиите на јаглерод моноксид учествува согорувањето на дрвото во домаќинствата.
CO дејствува директно на кардиоваскуларниот систем, како и на централниот нервен систем. Оние кои подолго време се изложени на повисоки дози на CO покрај главоболка чуствуваат вртоглавица, замор и редукција на менталната способност.