75 години КУД.Стив Наумов

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Едно од најстарите културно уметнички друштва, Стив Наумов, одбележа 75 години постоење.

Овие денови ова друштво го прослави 6-ти ноември, денот кога пред 75 години, во 1944 година беше формирано.

Почетоците на друштвото се врзани со концертот што го организирал првиот диригент и композитор на друштвото, Тодор Скаловски со група пејачи, тогашни партизани кои членувале во битолската бригада.

Имено на 6-ти ноември 1944 година, кај месноста Црн Мост во Битола, тие одржаа концерт во знак на сеќавање на паднатите борци кои го загубија животот во затворот кај Црн Мост, а потоа заеднички одлучија, друштвото да биде именувано според името на народниот, легендарниот херој Стив Наумов. Друштвото брзо се развивало и пополнувало со хористи и до ден денес ја одржува традицијата на организирано културно уметничко друштво.

Добитници се на многуборјни награди и признанија, меѓу кои и она за животно дело на диригентот на младинскиот женски и мешаниот хор-Љубомир Трифуновски.

Нивните настапи се карактеризираат со долготрајни аплаузи и оставање во сеќавање на секој посетител, присутен на нивните концерти насекаде низ светот.Повеќе во видеото во продолжение.

 

 

Share.