781 творба за ликовната изложба Битола 2018

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На годинешното издание на Малиот битолски монмартр ќе учествуваат 22 екипи од повеќе земји: Чешка, Словачка, Кина, Русија, Турција, Израел, Србија, Полска, Малезија, Романија, Тајланд, Бугарија, Унгарија, Индија, Бахреин, Шри Ланка.

Вкупно доделени награди на меѓународниот конкурс „Битола 2018“ се 384, 232 дипломи за поединечни остварувања, како и 114 награди „златна палета“.

Меѓународниот ликовен конкурс „Битола 2018“ беше распишан на почетокот на септември 2017 година, а траеше до 20 февруари 2018 година. На конкурсот учествуваа 326 училишта, со 10.777 цртежи, од 34 земји од Европа и светот.

Добитник на наградата „Гран-при 2018“ на Малиот битолски монмартр 2018 година се младите ликовни уметници и ликовниот педагог од Чешка од градот Плзен, соопшти денеска на прес-конференција раководителот на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“, Коста Хаџи Антоновски.

Среќен сум што магијата на Малиот битолски монмартр толку напреднува што голем број земји од година во година се присути на конкурсите. И бројката од година во година се зголемува, може да се каже дека Азија е освоена по бројот н атворби пристигнати оттаму

Добитник на наградата „Проф. д-р Богомил Карлаварис“ за животно дело е ликовниот педагог Реди од Индија, додека добитник на специјалната награда е екипата од Трабзон, Турција.

Меѓународното стручно жири од вкупниот број пристигнати творби за 36-та Меѓународна изложба на детски ликовни творби „Битола 2018“ избра 781 творба, а изложбата ќе биде отворена на 23.05.2018 во Националната детска ликовна галерија „Монмартр“.

 

 

 

Share.