8 лица на подрачјето на СВР Битола го прекршилие полицискиот час

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Синоќа четврта вечер на сила беше полицискиот час. Во изминатите 24 часа на ниво на СВР Битола под кој што спаѓаат градовите Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод 8 лица не ја почитувале мерката полициски час. Едно лице од Битола, пет лица од Прилеп, едно лице од Ресен и едно лице од Македонски брод.

Од СВР Битола информираат дека приведени се 5 лица од Прилеп. Против едно лице поднесена е кривична пријава за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

На ниво на сектор за внатрешни работи Битола во само изолација се вкупно 458 лица. Од нив во Битола се 194, во Прилеп 161 лице, во Ресен 34, во Демир Хисар 20 лица, Крушево 18 и во Македонски Брод 31 лице.

Во изминатите 24 часа (25/26.03.), според евиденцијата на МВР,на територијата на државата на 368 лица им се издадени решенија за изолација, 82 потпишале изјави за самоизолација, а од страна на полициските служби извршени се контроли и е констатиран само еден случај на лице кое не ја почитувало самоизолацијата.

Покрај ова полицијата, во соработка со другите институции во изминатото деноноќие извршила и контрола врз 222 угостителски и други објекти, и во три случаи за три објекти е констатирано непочитување на владините мерки и одлуки.

По однос на контролата на забраната за движење од 21 до 05 часот утврдено е дека 66 лица не ја почитувале забраната при што приведени биле 37 лица, а за другите се изготвени записници и ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Да потсетиме на сила е полициски час на територијата на цела држава, од 21:00 до 05:00 часот. Дополнително владата го ограничи движењето на лицата над 67 години. Забраната за движење за нив е од 11:00 до следниот ден 05:00.

Дополнително ограничување и за лицата до 18 години. Забраната за нив е од 21:00 до следниот ден до 12 часот.

Од вчера и дополнително ограничување. Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот!

Share.