Меѓународен ден на жената — светски празник што се одбележува секоја година на 8 Март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење.
Начините на празнување со текот на времето се менувале, од големи протести во минатото, преку трибини, настани каде што се зборувале проблемите и предизвиците, до кафеанските прослави. Се се менувало, само едно остана исто. А тоа е цвеќето и подарувањето на припадничките на понежниот пол.

Од синоќа осмомартовската треска низ цвеќарниците во градот почна. Утрово подготвени за своите муштерии. Нудат и свежо и саксиско цвеќе.

Повозрасните се определуваат за овие вторите, а помладите за розите, кои се најпродавани, а и каранфилите исто така.

И големи букети беа подготвени за честитање на овој ден. И секогаш жените велат не треба само на осми март, подарувањето цвеќе треба да биде повеќе пати во година, дури и и без повод.














