8 милиони луѓе во светот не знаат дека се заразени со ХИВ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

1-ви декември е денот кога светот и ние го  одбележуваме Светскиот ден за борба против сидата.

Новите податоци на Обединетите нации покажуваат дека глобалните стапки на инфекција со ХИВ/СИДА и бројот на смртни случаи се намалени и има напредок во лекувањето, но новите инфекции остануваат сериозен предизвик за одредени високоризични групи.

Во извештајот објавен во вторникот во пресрет на Светскиот ден за борба против Сидата (1 декември), Агенцијата за борба со сидата при Обединетите нации (УНАИДС) објави дека од речиси 38 милиони луѓе на глобално ниво кои живеат со ХИВ – вирусот кој предизвикува СИДА – повеќе од 24 милиони пациенти примаат антиретровирусна терапија. Ова е значително зголемување од пред девет години, кога само околу седум милиони луѓе имале пристап до животно спасувачки третман.

Според УНАИДС околу 8 милиони луѓе не знаат дека се заразени со ХИВ.

Бројот на смртни случаи поврзани со СИДА во светот исто така е намален за повеќе од половина од 2004 година. Околу 770.000 луѓе починаа од оваа болест минатата година.

Прв пат е одбележан во 1988 година и е прв глобален ден за здравјето. Светскиот ден за борбата против сида е важен да ја потсети јавноста и владите дека ХИВ не исчезнал-дека постои и понатаму витална потреба да се соберат средства, подигне свеста, победат предрасудите и да се подобри образованието.

Црвената панделка е меѓународен симбол кој ја одразува свеста за постоење на ХИВ/СИДА. Триесет години после првите случаи на ХИВ, црвената панделка е универзален симбол на свест и поддршка на оние кои живеат со ХИВ. Луѓето ги носат во текот на цела година, а посебно во време на 1-ви Декември- Светскиот ден за борба против HIV/AIDS како би ја изразиле својата загриженост за ХИВ и сида и луѓето кои живеат или се опкружени со нив.

Share.