8- ми Март не е оро, песна и каранфил

0
610

Светот денеска повеќе од 10 декади го одбележува Осми Март Меѓународниот ден на жената. Овој ден започнал за првпат да се одбележува од 28 февруари 1909 година во САД, со декларација донесена од страна на американската Социјалистичка партија.

Една година подоцна во Копенхаген се одржала првата меѓународна женска конференција, а на предлог на германската социјалистка Клара Цеткин бил востановен Меѓународниот ден на жената.

Зошто е значаен овој ден ?

– Клара Цеткин и Роза Луксембург ќе се вртат во гробот ако ние нивните следбенички сеуште не ги потикнуваме жените за да сватат каде и кое им е нивното место во општеството, рече Светлана Петковска од Оеганизација на жени-Битола.

8 ми Март не е оро, не е каранфил, не е подарок, вели Петковска.

Жените ќе поттикнат во својот разум можност дека треба да направат за себе си нешто поинаку. Тоа е 8 ми Март, не е 8 ми Март оро, не е каранфил, не е подарок. Можеби убаво е на денот кога ќе сретнете жена на улица да и кажете среќен 8 ми Март,додаде Петковска.

Каде е денеска жената во бизнисот?

– Во женските бизниси не се борчи, за разлика од машките бизниси кој секој секому борчи и секој ќе каже борчам бидејќи ми борчат. Во женскиот бизнис тоа го нема,вели Светлана Петковска од Организација на жени-Битола.

Таа додава дека овој ден не е единствениот ден во годината за кој е потребно внимание. Секој ден е посебен да се изнуди насмевка на женското лице, а 8-ми Март е денот што треба да потсетува на тоа.