8 -ми Март прослава или протест

0
1501

И во Битола како и во другите гардови во Македонија, а сигурно и на Балканот, неколку дена се празнува денешниот 8 март денот на жената.

Забава по кафеани, приватни или организирани од институцијата каде што работат. И денески и вечерни прослави, а во меѓувреме се трча по бутиците, парфимериите и цвеќарниците, да се купи нешто за да не се оди со празни раце, односно да се даде вниманието.

И додека кај нас е така, во дел од светот се протестира. Ги прашавме мажите и жените дали мислат дека овој светски тренд треба да се следи, односно на 8 ми Март да се излезе на протести.

На анкетата повеќето испитаници одговорија дека треба да се следат светските трендови.

А како жените си го празнуваат денот.
-Анкетираните жени одговорија различно, кој во кафеана со колешките, некои работно , а други во семејна атмосфера.

За да се увериме каква е побарувачката за цвеќе ја посетивме цвеќарницата Еделвајс. Таму цвеќе за секој вкус, аранжирани букети, саксиско цвеќе и декорации за разубавување на денот.
Велат дека најбарани се каранфилите кои чинат 50 денари, исто така и розите кои чинат од 120-130.

Саксиското цвеќе и денеска се барало за да се подари на овој празник.
Од таму и додаваат дека повеке мажи го минале нивниот праг во намерата да одберат цвека за да го честитаа празникот, на своите сопруги, мајки, сестри, ќерки , баби колешки, пријателки, љубовници.