8-мо мартовски концерт на битолското музичко училиште

0
599

Учениците од државното музичко училиште од Битола, изведоа концерт по повод Денот на жената, 8-ми март.

Оваа година училиштето одбележува 71 година постоење.

Државното музичко училиште, бележи многубројни награди и признанија на државни и меѓународни натпревари.

Музичкото училиште-Битола е формирано во почетокот на 1947 годинa и спаѓа во редот на најстарите училишта во Македонија од овај вид. Едни од најеминентните и највлијателни музички работници во музичката култура во републиката, своето образование го завршиле токму во ова училиште.
Како институција со високи професионални квалитети, активно е вклучена во културното живеење на градот и регионот, учествувајки на концерти по повод отворање на изложби, литературни презентации, соработка со други институции и здруженија, хуманитарни концерти и секако со фестивалот на класична музика „Интерфест – Битола”.
Дел од учениците кои своето образование го започнале тука,
денес се оркестранти во операта или во филхармонијата, работат како наставници или на друг начин се посветени на музичката уметност.