Во рамките на одбележувањето на 80 годишнината од постоењето на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски “ во Битола, денеска установата организира настани посветени на читателите и роднокрајните автори.
Во 12.00часот во просториите на Библиотеката ќе се одржи средба на читателите и вработените, на најпосветените читатели ќе им бидат доделени признанија, промовирани најдобрите библиотечни приказни и поранешните вработени ќе добијат благодарници.
Од 18.00часот во просториите на Библиотеката ќе биде промовирана книгата „Елисиски ехо: Поезијата на меморијата на слободата“ од авторот Игор Трајковски – Фоја.













