80 илјади денари за детското одделение од ракометарите

0
838

Парите собраните од ракометниот натпревар Еурофарм Работник-Пелистер кој се одигра изминатиот месец, ќе бидат донирани на педијатриското одделение во Клиничката болница во Битола.

Станува збор за сума од 80.000 денари. Ова на прес конференција го соопшти спортскиот директор на Еурофарм Работник Бојан Стефановски.