80 пратеници гласаа за пристапување кон уставни измени

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Доцна вечерва во Собранието на Македонија се гласаше Предлогот на Владата за пристапување кон уставни измени согласно Договорот од Преспа.

За оваа одлука гласаа 80 пратеници, со што беше исполнет условот две третини од пратениците да се изјаснат позитивно.

Во салата беа присустни 117 пратеници. 39 беа против.

По електронското гласање на кое имаше 80 „За“, координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ побара поединечно изјаснување на кое се потврди електронското гласање, односно дадените 80 гласови „За“.

Од опозициската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ „за“ гласаа  Елизабета Канчевска Милевска, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Аранудов, Нола Исмајловска Старова и Зекир Рамчиловиќ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери констатираше дека е усвоен предлогот за пристапување кон уставни измени.

Нацрт-текстот на амандманите треба да биде изготвен во рок од 15 дена.

 

Share.