ТЕРА

REKLAMA???

800 НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА НАЈМЛАДИТЕ ВО ОПШТИНА МОГИЛА

Општина Могила беше центарот на многу среќа и детски насмевки, вели градоначалникот на Могила, Драганчо Саботковски.

„Поделивме 800 новогодишни пакетчиња, а Дедо Мраз и театарската претстава на Бабец театар ги забавуваа нашите најмлади и најмили.

Предновогодишно расположени, со песнички, игри и позитивна енергија на новогодишно украсениот плоштад пред општинската зграда учениците од трите основни училишта учествуваа во новогодишниот пазар со нивните рачно изработени украси.

На сите деца им посакувам да имаат среќна Нова година исполнета со  радост, љубов и убавини“ рече Саботковски.