15.05.2022 во периодот од 11 до 17.00 часот на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 85 возачи, од кои 26 на територија на Ресен, 21 санкција на територија на Битола, 28 во Прилеп, 6 во Демир Хисар и 4 во Крушево. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
85 ВОЗАЧИ ВОЗЕЛЕ ПРЕБРЗО НА ТЕРИТОРИЈАТА НА СВР БИТОЛА












