87 пациенти се лекуваат во Ковид центарот во Битола

Во изминатите 24 часа до утрово од Ковид центарот во Битола беа испишани 10 пациенти, 6 беа примени на лекување. Со ова бројката на хоспитаизирани е 87.

За повеќе од една недела има драстично намалување на бројот на пациенти. Највисоката бројка која достигна во априлскиот пик беше 151 пациент.

До утрово имаше еден починат пациент од Битола на 68 годишна возраст.

Прочитај и: 15 нови случаи во Битола и 30 оздравени пациенти

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 637 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 87 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 27 пациенти, во Велес се лекуваат 72 болни, а во Куманово 72 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 75 пациенти, во Прилеп 56, во ковид центарот во Гостивар 23, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 25 во Кичево 20, Кавадарци 30, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1102 и има околу 740 празни болнички кревети во ковид центрите.

 

 

Сподели