90 учесници од цел свет на 20. интернационален музички фестивал „Тра ла ла“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Над 90 учесници од 21 држава ќе се натпреваруваат на јубилејното 20 издание на Интернационалниот музички фестивал „Тра ла ла“ кој започнува утре (вторник) и ќе трае 5 дена, а ќе се случува во Охрид и Битола.

Над 300 гости во овие пет фестивалски денови ќе го посетат Охрид и Битола, а учесниците на фестивалот ќе се натпреваруваат во претходно утврдени категории.

Алексовски најави спектакуларно издание по повод јубилејот за 20 годишнината од овој интернационален фестивал, а како новитет оваа година, покрај натпреварувачкиот дел на гала концертот во Битола, солистите ќе бидат придружувани од Камерниот оркестар на Битола.

Натпреварувачите на овогодинешниот Интернационален музички фестивал „Тра ла ла“ ќе ги оценува 23 члена жири комисија, составена од еминентни имиња од 23 држави.

Специјално изработени стаклени статуетки, парична награда за Гран При како и екскурзија со брод по Охридското езеро е дел од она што ќе го добијат учесниците на овој фестивал.

На овој фестивал работи голема екипа за да застане на пиедесталот на најдобро организираните манифестации во цела Европа, посочи Алексовски.

20 ГОДИНИ ПОВРЗУВАМЕ СВЕТОВИ! под ова мото ќе се одбележи 20 јубилејно издание на Интернационалниот музички фестивал Тра ла ла – Битола, а влезници за овој спектакл можат да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com

Share.