93 % од младите Роми невработени

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

93 % од младите Роми на возраст од 18 до 29 години од општина Битола се невработени, ова го покажало истражувањето на проектот Активно учество во намалување на младинската невработеност кај Ромите во општина Битола, чиј што носител е Младински културен центар – Битола во соработка со Баирска светлина Битола. Денеска го одржаа првиот консултативен форум за подготовка на стратешки документ „Локална стратегија за намалување на младинската невработеност кај Ромите преку претприемништво во општина Битола”

-Истражувањето беше теренско, спроведено на 100 испитаници, кое што покажа дека 93% од младите Роми се невработени. Тоа се млади луѓе кои што се од заедница која што е обременета со предрасуди и стереотипи, во делот на позиционирање на пазарот на трудот. Ромите се заинтересирани за ангажирање во услужниот сектор.Како демотивирачки фактор е истакнато отежнатиот пристап до финансии, и поради тоа не можат да развијат некоја бизнис идеа, изјави Д-р Божидар Миленковски, експерт за младинско претприемништво.

Целта на проектот е поттикнување на институционална соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти на полето на младинската невработеност кај млади од немнозински етнички групи што ќе придонесе за демократизација и активно учество во креирање заеднички локални политики и подобрување на условите за намалување на младинската невработеност преку развој и стимулирање на претприемништво кај ромската заедница.

Процесот на подготовка на документот започна со формирање на меѓусекторска работна група составена од претставници на локалната самоуправа, јавните институции и граѓанските организации од Битола.Очекувани резултати во рамките на проектот се:- Изработен, усвоен и промовиран стратешки документ „Локална стратегија за намалување на младинската невработеност кај Ромите преку претприемништво во општина Битола” кој вклучува Акциски план .-Зголемено учество на младите од различни етнички заедници во креирањето на младински политики.-Создадени предусливи за унапредување и развој на младинско претприемништво кај младите Роми во општина Битола.-Обезбедени услови и подигната свест за прифаќање на претприемништвото како посакувана кариера кај младите Роми во општина Битола.-Обучени 20 млади Роми за лобирање и застапување-Активно вклучени најмалку 20 млади претприемачи од различни етнички групи, изјави Маја Ангеловска од МКЦ-Битола

На форумот беше претставена рамката на документот дефинирана за време на состаноците на работната група. Учесниците на форумот имаа можност преку свои предлози и коментари да дадат придонес во подготовка на документот, со цел истиот да ја отсликува вистинската потреба за намалување на младинската невработеност кај Ромите преку претприемништво во општина Битола.

Share.