Кубанците од денеска имаат мобилен Интернет

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Кубанците од денеска ќе имаат пристап до интернет преку своите мобилни телефони, соопшти државната телекомуникациска компанија Етекса, што е пресврт во земјата чија поврзаност долго време беше меѓу најмалите во Западната хемисфера.

Речиси половина од 11,2 милиони жители на Куба имаат мобилни телефони, но сепак, нема да можат сите да си дозволат мобилен интернет.

Директорите на Етекса објавија разни едномесечни пакети, почнувајќи од 600 мегабајти по цена од седум долари за пакет, до 4 гигабајти за 30 долари. Доколку корисникот не сака пакет, 100 мегабајти ќе го чинат 10 долари.

Оваа цена нема да можат да си ја дозволат многу Кубанци затоа што просечната плата во земјата изнесува околу 30 долари месечно, и многу луѓе се потпираат на финансиска помош од роднини во странство или работат дополнителни работи за да го дополнат семејниот буџет.

Share.