ТЕРА

REKLAMA???

99 балони кон небото за поддршка на децата со аутизам

По повод 2-ри Април, светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот, д-р Билјана Гагачовска, специјалист психијатар, субспецјалист по детска и адолесцентна психијатрија, чија примарна професија е во Одделението за ментално здравје за деца и млади во Клиничката болница во Битола, каде веќе седум години работи со деца со атипичен и типичен развој, организираше настан под мотото „Заедно можеме повеќе, заедно можеме се“ кој вклучува дружба во Золошката градина во Битола на деца со атипичен и типичен развој.

Настанот е поддржан од Ротари клуб Битола, здружението Хармоничен свет, од мајка на дете со атипичен развој Ана Ѓоргиев, здружението 22 Нентори.

„Со ова сакаме да ја подигнеме свеста за тоа што е аутизмот, каков е аутизмот и дека тоа е нешто што е до нас и со нас и дека не треба да се плашиме од него. Целта на овој настан е дружба на децата со типичен и атипичен развој, бидејќи годинашното мото на денот е дека инклузијата е она што треба да го постигнеме, бидејќи мојата идеја беше на овој настан „Заедно можеме се, заедно можеме многу повеќе“, бидејќи децата се сите исти, децата се сакаат и децата треба да функционирата, да живеат, да се радуваат заедно, а возрасните се всушност тие кои што ги прават поделбите. Затоа ја одбравме таа тематика и организиравме една дружба во зоолошката градина и симболично испративме 99 балони во небото за да ја одбележиме слободата и внатрешниот мир кои што сите го заслужуваме и го бараме на крајот на денот“ вели д-р Гагачовска.