Aвион со 162 патници за малку ќе завршеше в море

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Авион со 162 патници се излизга на пистата при слетувањето на аеродромот во Трабзон и се запре во калива провалија на неколку метри од морето.

Се работи за патничкиот авион Боинг 737-800 на авиокомпанијата „Пегаз“. На социјалните мрежи се појави снимката веднаш откако беше соопштено дека нема повредени патници ниту членови на екипажот.

Авионот излетал од пистата која е долга 2.400 метри при слетување во временски услови со многу дожд.

Share.