Aдреналинско истражување на Македонија-кањонинг со Mountain Solution

Кањонингот моментално претставува еден од најатрактивните адреналински спортови, кои се реализираат во природа.

Со оглед на тоа што не бара некоја посебна физичка подготовка, како спорт и истовремено забава, се развива доста брзо. Иако на самите почетоци беше достапен само на оние кои се занимаваа со овој спорт, ширум светот се докажа дека кањонингот под надзор на професионални водичи можат да го практикуваат сите. Најчесто за оваа адреналинска авантура одевме во Босна и Херцеговина, Србија или Хрватска, кога се работи за најблиската земја каде е развиен овој спорт, но, дали знаевте дека и во нашата земја има професионални водичи кои организираат тури достапни за сите кои сакаат да ја испробаат оваа авантура?

Кај нас оваа активност, во организирани групи со водич ја нуди Mountain Solution – Adventure Tours Macedonia.

Mountain Solution нуди вид на туризам во кој туристите прават некои авантуристички активности како дел од  Авантуристичкото патување, односно активност за слободно време што се одвива во необична, егзотична, оддалечена или пуста дестинација, вклучувајќи некаква форма на неконвенционални средства за превоз и има тенденција да биде поврзана со ниско или високо ниво на активност.

Со помош на професионалец, ќе можете да се справите со повеќе пречки и да достигнете подалеку во кањонот отколку што инаку би можеле.

Основачот на компанијата Mountain Solution и водичот при овие адреналнски кањонинг тури, Петар Нолев, ни истакна дека кањонингот е погоден за поединци, парови, поголеми групи и семејства и додаде- сезоната трае од Мај до Октомври.  Ова е активност за која не ви треба искуство. Единствено потребни ви се основи  во пливање и афинитет кон  адреналинска авантура.

DCIM137_VIRBVIRB0118.

 

Кањонингот е всушност авантуристичка активност која подразбира поминување – пешачење низ кањони, притоа совладувајќи природни препреки како на пример, водопади, каскади, природни базени (вирови) и слично. Оваа 4 часовна Авантура – се одвива на локацијата во Кањонот на река Градешка (Мариово).

Како дел од оваа авантура е и испробувањето на традиционалните јадења на овој регион каде ќе имате  прилика да  ги пробате старите вкусови заборавени во урбаните места –  домашен леб, овчко сирење, мед, месо,  салати и овошје, автентични  за овој регион. Доколу сè уште не сте го испланирале следното адреналиснко патување низ убавините на нашата земја, пробајте ја новата адреналинска активност на отворено – кањонинг. Контактирајте ги Mountain Solution – Adventure Tours Macedonia за да се придружите во ова уникатно безбедно искуство.  Повеќе информации за оваа активност во следното видео.

 

 

Сподели